Строг карантин во Сиднеј поради зголемен број на заразени со делта сојот

Кајгана/МИА
/ 25.06.2021 / 10:56

Центарот на Сиднеј и некои од предградијата од денеска на полноќ влегуваат во еднонеделен строг карантин, додека властите се борат да го задржат под контрола новиот бран на многу заразната делта мутација на коронавирусот.

– На луѓето кои живеат или кои поради работа престојуваат во други делови на Сиднеј во последните две недели, им е наложено да останат дома, освен поради итни причини, изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан.

Таа објасни дека на граѓаните им е дозволено да ги напуштат своите домови само поради основни работи или образование, медицински причини, снабдување со намирници или вежбање на отворено.

– Не сакаме оваа состојба да трае со недели, сакаме да заврши колку е можно побрзо, истакна Береџиклиан.

Властите во Нов Јужен Велс воведоа претходно задолжително носење на маски во сите затворени простори во Сиднеј, вклучително и во канцеларии. Им забранија на жителите на седум населби да го напуштаат градот и ги ограничија домашните собири на пет лица, со цел да се спречи новиот бран.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе