Таксират и Д Фестивал номинирани за најдобри фестивали во Европа

Фестивалите Таксират и Д Фестивал се во трка за престижните Европски фестивалски награди, најзначајното признание за музичките настани на стариот континент. Двата фестивала, како што информира нивниот организатор Пасворд Продакшн, се единствени од Македонија номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави од Европа.

Зимскиот Таксират влегува во категоријата за Најдобар фестивал во затоврен простор, додека пак Д Фестивал е номиниран за Најдобар мал фестивал односно категоријата во која спаѓаат фестивалите со капацитет од 10.000 посетители дневно.

По номинацијата, за изборот на победниците главниот збор го има милионската публика од целиот свет која веќе гласа за своите омилени фестивали. Гласањето е отворено за сите, па и за македонската публика која може да ги поддржи фестивали преку овој линк.

Европските фестивалски награди се најзначајното меѓународно признание за препознавање на квалитетот на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена. Токму затоа за победниците од секоја категорија одлучуваат оние кои се најважниот дел од музичките фестивали - публиката! Преку отворено гласање на официјалната онлајн платформа (https://www.surveymonkey.com/r/efavoting2022) јавноста ќе може да гласа во сите категории и секако да ги поддржи Таксират и Д Фестивал со својот глас сѐ до 7 декември.

Прогласувањето на победниците ќе биде на 18 јануари 2023, на свеченото доделување на наградите во Гронинген, Холандија. За конечните победници во секоја од категориите се одлучува според гласовите од публиката, но и стручното жири кое го сочинуваат истакнати личности од светската музичка индустрија.

реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

Која храна докажано го намалува нивото на холестерол?

Read more

МК сцена

SMUT го објави новиот сингл Еден Ден

Read more

Најубавите цитати од Тоше Проески за љубовта и животот

Read more

„Као какао“ на Леб и сол по 35 години повторно на винил

Read more

Трпчески: Најголемата награда е кога ќе ја видите среќата на публиката

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Судот одлучи: Сцената од филмот „Romeo and Juliet“ не е детска порнографија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Amazon Prime се мајтапи со Netflix за забраната за споделување лозинка

Читај повеќе
  • play_arrow

Muted е меѓу најгледаните серии на Netflix, сите ја коментираат последната сцена

Читај повеќе
  • filter

Георгина ги украде погледите во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

Наскоро доаѓаат летните блокбастери

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најсмешни блупери на Џим Парсонс како Шелдон

Читај повеќе
  • play_arrow

Тина не си го сакала големиот хит награден со Греми: Ужасна и грозна песна

Читај повеќе

Почина Тина Тарнер

Читај повеќе