Таткото на Бритни Спирс останува одговорен за нејзиниот имот

Кајгана/МИА
/ 01.07.2021 / 09:22

Судот во Лос Анџелес, Калифорнија го одби барањето на поп-пејачката Бритни Спирс, која се обиде да го отстрани старателството од нејзиниот татко, како и одговорноста и контролата над нејзиното богатство, објави Variety.

Пејачката во 2008 година беше прогласена за делумно работно неспособна, поради проблемите со недозволени супстанции и со психичкото здравје. Повеќе од 10 години, финансиите на пејачката, вклучувајќи и мултимилионски фонд за доверба, беа контролирани од нејзиниот татко и адвокат назначен од судот.

Таткото на пејачката, Џејмс Спирс носеше одлуки во врска со нејзината кариера, лекувањата, како и личниот живот. Некои извори претходно тврдеа дека таа не го сака ова, но поради судската одлука за надзор, била принудена да се согласи.

Адвокатот на Спирс поднесе низа тужби изминативе неколку месеци. Тој инсистира на тоа дека таткото на пејачката веќе не се занимава со управување со нејзините финансии. Претходно, судот се согласи да вклучи приватна финансиска компанија меѓу одговорните за имотот на Бритни Спирс. Сепак, потоа, беше одбиено целосно отстранување на нејзиниот татко од контролата врз средствата.

Кон крајот на јуни, поп-пејачката, за време на говорот пред судот, побара да се отстрани надзорот над неа, којшто трае околу 13 години. Ова барање сè уште не е формализирано. Следното сослушување е закажано за 14 јули.

Богатството на пејачката се проценува на околу 60 милиони долари. Бритни Спирс е добитник и на бројни музички награди, вклучувајќи и неколку Греми.

реклама

Еден тип на кафе е најдобар за долговечност, многумина го пијат секојдневно

Read more

Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Conti

Read more

Се продава најстариот фудбалски клуб во Италија

Read more

Три вообичаени грешки кои значително ги расипуваат интимните односи: Каде е проблемот?

Read more

Живот

Еден тип на кафе е најдобар за долговечност, многумина го пијат секојдневно

Read more

Крај на маките за 3 хороскопски знаци: Им следи успех и решавање на проблемите

Read more

5 совети за нега на кожата во есен

Read more

Како да го прочистите воздухот во просториите во кои најчесто престојувате?

Read more
 

Магазин

Три вообичаени грешки кои значително ги расипуваат интимните односи: Каде е проблемот?

Читај повеќе

Што всушност предизвикува подочници и темни кругови под очите?

Читај повеќе

Зошто почесто да пиете чај од коприва?

Читај повеќе

5 најдобри пијалаци доколку сакате да имате рамен стомак

Читај повеќе

Еден тип на кафе е најдобар за долговечност, многумина го пијат секојдневно

Читај повеќе

Крај на маките за 3 хороскопски знаци: Им следи успех и решавање на проблемите

Читај повеќе

5 совети за нега на кожата во есен

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да го прочистите воздухот во просториите во кои најчесто престојувате?

Читај повеќе

Кои витамини и додатоци треба да ги земате како превенција за вируси и настинки?

Читај повеќе