Таткото на Џулијан Асанж има надеж дека Бајден ќе го помилува неговиот син

Таткото на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, во изјава за агенцијата ДПА изрази надеж дека следниот американски претседател ќе го помилува неговиот син.

Џон Шиптон (79) ја даде изјавата пред очекуваната одлука на британскиот суд за барањето за екстрадиција на САД.

Тој рече дека се плаши оти судот на 4 јануари ќе донесе одлука во корист на екстрадиција врз основа на „произволниот и злонамерен“ начин на кој се третира неговиот син во текот на постапката, и оти се надева дека новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе го помилува Асанж кога ќе стапи на функцијата.

Нилс Мелцер, известувач за тортура во ОН, исто така рече дека судбината на Асанж би можела да биде во рацете на Бајден.

Мелцер за Дојче веле изјави дека на Асанж му се одземаат основните права и оти верува дека нема да добие фер судење во Лондон.

Мелцер на почетокот на овој месец рече дека здравјето на Асанж сериозно се влошило зад решетки во Велика Британија, „до точка кога неговиот живот сега е во опасност“ и побара помилување од американскиот претседател Доналд Трамп.

Асанж може да добие затворска казна од 175 години во САД под обвинение за кражба и објавување на доверлив материјал за воените операции на САД во Ирак и Авганистан, кога ги обелодени воените злосторства извршени од американски војници.

Британската полиција го уапси во април 2019 година во еквадорската Амбасада, каде беше во засолниште седум години, поради тоа што не му се предаде на судот за претходната потерница поврзана со прелиминарна истрага во Шведска за наводно сексуално вознемирување, која потоа беше отфрлена.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе