Сигурно никогаш не би допреле даска на WC шолја, а потоа да се допрете на лице. Но, во теретана допирате многу повалкани работи.
Едно најново истражување покажува дека во теретаната има многу повеќе бактерии отколку што мислите.
Според резултатите од испитувањата на примероци земени од површините во теретана, на статичниот велосипед има повеќе бактерии отколку на послужавник во ресторан за брза храна, а на лентата за трчање во теретана се собираат 79 пати повеќе бактерии отколку на славина од чешма.
Најмногу бактерии има на теговите. Следен пат кога ќе се фатите за тег во теретана помислете дека научниците на нив нашле 362 пати повеќе бактерии отколку на даска од WC шолја.
Зошто има толку бактерии на теговите? Па, повеќето луѓе ќе ја избришат справата на која вежбале, но не и тегот што го користеле во теретана.
Тоа не значи дека треба да се откажете од теретаната, ниту пак да глумите полицаец за тоа кој како ја користи опремата. Само бидете внимателни и не го допирајте лицето со дланки пред да се истуширате.
Исто така, прочитајте ги и овие совети како да се заштитите од инфекции во теретана.