Технолошкиот сектор го врати Волстрит во живот

Берзанските индекси на Волстрит пораснаа во средата, благодарение на закрепнувањето на цените на акциите во технолошкиот сектор, но тргувањето беше претпазливо пред новите извештаи за инфлацијата во САД, што може да влијае на очекувањата за каматните стапки.

Dow Jones зајакна 0,45 отсто, на 37.695 поени, додека S&P 500 порасна за 0,57 отсто, на 4.783 поени, а индексот Nasdaq 0,75 отсто, на 14.969 поени.

Растот на S&P 500 и индексот Nasdaq главно се должи на порастот на цените на акциите на технолошките гиганти, како Microsoft, Meta Platforms и Nvidia, кои значително паднаа минатата недела.

Но, тргувањето беше претпазливо, како што е наведено од потпросечниот обем на тргување, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземат премногу ризик пред извештајот што ќе покаже како се движела инфлацијата во САД во декември.

Извештајот за потрошувачките цени ќе биде објавен во четврток, а за цените на производителите во петок.

Овие извештаи би можело да имаат значително влијание врз очекувањата за каматните стапки од американската централна банка.

65 отсто мислат дека ФЕД може да ги намали каматните стапки во март

На крајот на минатата година, цените на акциите нагло пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа на агресивно намалување на стапката од страна на ФЕД, почнувајќи од март.

Но, на почетокот на оваа година, по објавувањето на записникот од минатогодишната седница на ФЕД, ваквите шпекулации стивнаа.

Сега пазарот на пари проценува дека има околу 65 отсто шанси ФЕД да ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени во март, додека пред десет дена овие шанси беа речиси 80 отсто.

Претседателот на филијалата на ФЕД во Њујорк, Џон Вилијамс, вчера изјави дека се уште е рано да се намалат каматните стапки бидејќи инфлацијата се уште е над целното ниво од 2 отсто.

Внимателни се и инвеститорите поради фактот што на крајот на неделата започнува сезоната за објавување на кварталните деловни резултати на компаниите, што значително ќе влијае на насоката на пазарот во наредните недели.

„Пазарот се обидува да процени што да очекува во 2024 година во однос на каматните стапки и корпоративната заработка, и дали тоа може да го оправда силен раст на цените на акциите во ноември и декември“, рече Сем Стовал, стратег во CFRA Research.

Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,42 отсто, на 7.651 поен, а париски CAC за 0,01 отсто, на 7.426 поени. Франкфуртски DAX зајакна, пак, за 0,01 отсто, на 16.689 поени.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе