Телескопот James Webb го виде Уран како никогаш досега

Вселенскиот телескоп James Webb (JWST) сними неверојатна фотографија од Уран - неговите правливи прстени, облаците кои летаат над ледениот џин и поларната капа.

Со повеќето телескопи, тешко е да се видат прстените околу Уран, бидејќи тие се составени од темни камења и прашина, кои рефлектираат многу малку сончева светлина. Досега директно ги снимиле само два телескопа; еден на вселенското летало Voyager 2 во 1986 година и опсерваторијата Keck на Хаваи.

Но, JWST е посебен уред. Станува збор за револуционерен инфрацрвен вселенски телескоп од девет милијарди долари, кој е стопати почувствителен од телескопот Hubble. Го набљудува просторот главно во инфрацрвениот спектар, поради што може да навлезе низ „темните“ облаци од гас и прашина. Hubble работеше првенствено на оптички и ултравиолетови бранови должини.

URL
Што се гледа на новата снимка?

На снимката на James Webb се видливи дури 11 прстени. Колку што знаеме, оваа планета има 13, но последните два се премногу темни дури и за моќните „очи“ на JWST. Ја гледаме светлата точка во центарот на северната поларна капа што е видлива кога е насочена кон Сонцето во текот на летото на Уран.

Забележливи се и поголеми облаци, едниот на работ на поларната капа, а другиот на „левата“ страна на планетата. Овие облаци веројатно предизвикале силни бури во атмосферата на овој студен, синкав џин, пишува New Scientist.

„Неверојатно е што можеме да го видиме Уран во толку детали, тоа можевме да го направиме само порано кога вселенското летало Voyager 2 помина покрај него“, вели астрономот Мајкл Мерифилд од Универзитетот во Нотингем во Велика Британија.

Зошто Уран е син?

Уран е околу четири пати поголем од Земјата. Кога Земјата би била со големина на големо јаболко, Уран би бил со големина на кошаркарска топка. Потребни се околу 17 часа за да се сврти околу својата оска и околу 84 Земјини години за да направи круг околу Сонцето.

Оваа планета спаѓа во категоријата ледени џинови, кои, како и гасните џинови (Сатурн, Јупитер), немаат дефинирана површина. Поголемиот дел од неговата маса се состои од густа течност од „ледени“ материјали - вода, метан и амонијак. Неговата атмосфера е составена главно од молекуларен водород и атомски хелиум, плус малку метан.

Метанот во горната атмосфера ја апсорбира црвената светлина на Сонцето и ја рефлектира сината светлина на нашата ѕвезда во вселената. Ова е причината зошто Уран ја има својата карактеристична синкава боја. Интересно е што околу неа се вртат огромен број месечини - дури 27, а се именувани по ликовите од делата на Вилијам Шекспир и Александар Поуп.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Наука

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Read more

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Read more

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Read more

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more
 

Гик

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе