Вселенскиот телескоп James Webb е погоден од микрометеорит при што е предизвикана поголема штета од очекуваното. Но, научниците успеаја да ги прилагодат огледалата така што се поништени повеќето негативни ефекти.
Штетата што ја претрпе телескопот во мај е поголема од очекуваното, според фотографиите објавени во новиот извештај.
Во објавениот документ стои дека повеќето удари од микрометеорит во големото огледало на овој телескоп предизвикало занемарлива штета, но еден удар од половината на мај довел до трајна штета на телескопот.
Огледалото на телескопот е изложено во вселената, но научниците очекуваат дека истото ќе биде изложено на потенцијално опасни микрометеорити само еднаш месечно. Сегментот означен како C3 е погоден од микрометеорит, но со оглед на тоа дека секој сегмент од огледалото е флексибилен штетата на сегментот C3 можеше да се надомести па не е загрозена резолуцијата на примарното огледало во целина.
Засега не е јасно дали станува збор за редок настан кој статистички може да се случи еднаш во повеќе години или телескопот е повеќе чувствителен на оштетувања од страна на микрометеорит од претходно предвиденото во моделите, пишува Independent.