Кина за прв пат истовари борбени авиони на спорната територија во Јужното Кинеско Море, поради што САД предупредија дека со ваквиот потег го дестабилизира регионот.
Јужното Кинеско Море е клучна трговска рута и „јаболко на раздорот“ меѓу шест земји.
Кина се обвинува дека го милитаризира морето за свои цели. Со овој потег се зголемуваат тензиите во регионот што може да стане вистинска темпирана бомба што отчукува.
Кинеското Министерство за одбрана не кажа конкретно каде слетале борбените авиони, но рече дека воените проби вклулуваат и симулирани напади на мети во вода.
Ге Даќинг, борбен пилот на H-6K, рече дека овие вежби ја изоструваат храброста на пилотите и ги сголемуваат шансите на Кина во борба на воден терен.