Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека е постигнат успешен договор во врска со Брегзит.
Во тек е работен доручек на Јункер, неговиот главен советник, главниот преговарач на ЕУ за Брегзит и Британската премиерка Тереза Меј.
Се очекува после тоа да и се обратат на јавноста.
После разговори на експерти, кои траеле речиси цела вечер и после получасовен состанок со британската премиерка, Јункер порача дека Европската комисија е задоволна од напредокот постигнат во сите три прашања кои претставувале приоритет.
Почнувајќи од прашањата за правата на граѓаните, околу границата меѓу Ирска и Северна Ирска, како и околу прашањата за финаниски договор кој го следи излегувањето на Британија од ЕУ.
„Постигнат е доволен напредок за да се прејде во нова фаза на преговори околу Брегзит“, изјави Јункер пред доручекот.