Илон Маск соопшти дека новата, втора генерација на Tesla Roadster ќе започне да се произведува следната година, што значи две години подоцна отколку што беше најавено за време на нејзината промоција на крајот на 2017 година.
Новиот Roadster ќе се напојува од три електромотори, а со единствено полнење на батеријата 200 kWh, автономијата, наводно, ќе биде 998 километри (620 милји).
Од фабриката најавуваат велат дека Tesla Roadster забрзува од 0-96 км/ч за 1,9 секунди, а од 0 до 160 км/ч стигнува за 4,2 секунди, додека максималната брзина е 402 км/ч.
Маск еднаш изјави дека „автономијата ќе биде поголема од 1.000 километри“, како и дека е убеден дека новиот Roadster ќе постави рекорд на патеката за продукциски автомобили во Нирбургринг.
Што се однесува до цената, основната верзија наTesla Roadster ќе се продава за 200.000 американски долари.