СОБРЕНИ СИТЕ РЕКОРДИ

Тестирана нова 6G мрежа - до 100 пати побрза од 5G стандардот

Кина отиде еден чекор над 5G мрежата и објави рекордни резултати од 6G преносот на податоци.

Кина долго време ја тестира 6G технологијата и мрежите кои ќе нудат нови услуги и брзини на пренос на податоци кои се неверојатно поголеми од 5G мрежата.

South China Morning Post објави сторија за преносот на податоци во кинеската 6G мрежа со брзина од 1 терабајт на растојание од нешто повеќе од еден километар, што е највисоката брзина на пренос на податоци официјално постигната безжично.

Истражувањето го водеше професорот Џанг Чао од Универзитетот Џингхуа, еден од најголемите истражувачки центри во Пекинг и Кина, а рекордните стапки на податоци беа постигнати благодарение на многу високите фреквенции на радиобранови кои се користат за време на преносот - вортекс-милиметарски бранови.

За жал, ова истражување само случајно се однесува на мрежите 6G, бидејќи овие типови на бранови, кои патуваат до или побрзо од петпати од брзината на звукот, се дизајнирани за хиперсонично оружје, комуникација и директно таргетирање на далечни цели и се спроведуваат под надзор на кинеската воена индустрија.

Сепак, системот беше официјално тестиран за прв пат како 6G мрежа на иднината, а беше оспособена и ставена во функција за време на Зимските олимписки игри во Кина, благодарение на што е можно да се испорачаат преку 10.000 преноси во живо со висока дефиниција во истото место. Според професорот Џанг Чао, вителските милиметарски бранови се најголемото откритие во проучувањето на радио брановите во последните 100 години. Овој тип на радиобранови, за разлика од сите други што се користат во моментов, има три димензии наместо две и наликува на вител што се создава за време на торнадо.

Најинтересното во ова истражување, тврдат кинеските научници, не е самата брзина на пренос на податоци, туку нова физичка димензија која може да доведе до неверојатни откритија во понатамошните истражувања за пренос на информации.

Според тековните резултати од истражувањето, 6G мрежата би можела да биде до 100 пати подобра во однос на мрежниот капацитет и брзина, и ќе донесе можност за комуникација од вселената, а Кина најверојатно ќе остане лидер во оваа област, бидејќи оваа земја сама има повеќе од 40% активни патенти за 6G, иако има ривали како што се Nokia Networks, Cisco, Samsung и особено Ericsson.

Од друга страна, кинеските производители на опрема за 5G продолжуваат да се соочуваат со американски блокади ширум светот, но и со планот на земјата да ги отстрани сите комуникациски релеи на ZTE и Huawei низ САД. Тој потфат драстично поскапе - со 1,8 милијарди долари потрошени во 2020 година, денес бара најмалку 5,6 милијарди долари.

URL
Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе