ФУДБАЛСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА 2019/20

Тиквеш лесно, Пелистер преку пенали до осминафиналето

Екипите на Тиквеш и Пелистер изборија пласман во осминафиналето од новата сезона во Купот на Македонија откако синоќа ги елиминираа своите противници.

Тиквеш имаше лесна задача со третолигашот Љуботен и славеше со убедливи 5:1. Иако гостин, Тиквеш играше пред своите гледачи во Кавадарци во договор со тетовчани бидејќи Љуботен нема стадион кој ги задоволува критериумите за настап во купот. Домаќините одморија неколку стандардни играчи како Ванче Шиков, Ѓорѓи Мојсов и Александар Вареловски давајќи им шанса на резервисти.

Далеку поинтересно беше во Пехчево каде во неизвесен натпревар битолски Пелистер славеше над Кит-Го дури по изведувањето на пенали. Домаќините го отворија резултатот на девет минути пред крајот, а кога помислија дека ја имаат победата битолачни израмнија во судиското надополнување по што натпреварот влезе во пенал-рулет.

И двете екипи беа непогрешливи пеналџии сѐ до петтата серија кога Синев промаши кај домаќините праќајќи го Пелистер во осминафиналето.

Љуботен - Тиквеш 1:5
41′ Роберт Димитриески – 8′ Лазар Пеев, 21′ Андреј Лазаров, 47′, 62′ Марјан Ристовски, 88′ Роберт Митев

Кит-Го - Пелистер 1:1 (5:6 пен.)
81′ Андреј Симевски – 90’+2 Игор Момировски
пенали:
Марјан Ташков - Благоја Љамчевски
Андреј Симевски - Иве Трифуновски
Бојан Рајков - Дарко Анѓелески
Бобан Тиквешанац - Сашо Шопоски
Иле Синев - Филип Бошковски

Завчера Брегалница избори пласман во осминафиналето откако забележа рекордна победа од 22:0 над Ново Црнилиште, додека останатите натпревари се играа денес.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе