Брегалница постави рекорд во Купот за највисока победа

Вчерашната победа од неверојатни 22:0 над Ново Црнилиште е нов рекорд за највисока победа остварена во Купот на Македонија од 1992 година до денес.

Штипските сини синоќа немаа милост кон третолигашот Ново Црнилиште кој се чини сѐ уште е на летен распуст. Откако на полувреме водеа со 6:0, во вториот дел даваа голови во интервали од по неколку минути, а најдолгата пауза помеѓу два гола беше четири минути.

Дваесет и двата гола ги постигнаа:
14', 29', 61' Стојанчо Велинов
16' Анес Османоски
38', 42', 63', 78' Тони Мичковски
45'+1 Дарко Стојанов
46', 53', 57', 85', 87' Мартин Стојанов
52', 55' Благој Гуцев
59', 69', 76', 80' Иван Настевски
74' Јован Манев
84' Пепи Горгиев

Со вчерашниот натпревар беше отворена новата сезона во Купот на Македонија. Денеска на програмата се два натпревара, а утре десет.

Досега највисока куп победа беше онаа на Вардар од 16:1 остварена во сезоната 2003/04 над Пролетер во Прилеп.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе