Тим на сезоната во Премиер лига: Ливерпул и Сити доминираат, нема место за Азар

Како што беше очекувано, играчите на Ливерпул и Манчестер Сити се најбројни во овогодинешниот Тим на сезоната во англиската Премиер лига. Двата тима кои се во мртва трка за титулата имаат вкупно десет играчи во идеалниот состав, додека Пол Погба е единствениот играч во составот кој не игра за еден од овие два тима.

Еден Азар, Мохамед Салах, Кристијан Ериксен и Кајл Вокер имаат за што да жалат, бидејќи гласачите решија дека тие не направија доволно за да обезбедат место во најдобриот состав во Премиер лигата оваа сезона.

На голот се најде бразилскиот голман Едерсон (Манчестер Сити), кој иако прими два гола повеќе од неговиот сонародник Алисон (Ливерпул) сепак доби предност кај гласачите. Во одбраната се најдоа тројца играчи на Ливерпул: Вирџил Ван Дајк, Енди Робертсон и Трент Александер-Арнолд, како и еден играч на Манчестер Сити – Ајмерик Лапорт.

Средниот ред е составен само од играчи од клубовите од Манчестер. Бернардо Силва и Фернандињо ја застапуваат сината страна на Манчестер, додека Пол Погба е единствениот фудбалер кој доаѓа од некој од останатите 18 клуба во лигата, кои не се викаат Манчестер Сити или Ливерпул.

Напаѓачкото трио го предводи Садио Мане (Ливерпул), а друштво му прават Серхио Агуеро и Рахим Стерлинг (двајцата од Манчестер Сити). Агуеро е единствениот играч кој се најде во идеалниот состав за минатата и оваа сезона.

Чудна е одлуката за изоставување на Еден Азар од тимот на сезоната, бидејќи Белгиецот пред само неколку дена беше ставен во скратената листа од шестмина фудбалери кои ќе се борат за наградата Играч на сезоната. Помеѓу значајните фудбалери изоставени од составот на сезоната се и Мохамед Салах, Пјер Емерик Аубамејанг, Кристијан Ериксен, Кајл Вокер и Алисон, кои имаа одлични сезони, но не беа изгласани во идеалната единаесеторка.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе