Типови на луѓе кои може да ги сретнете по Facebook групите

Ако сте член на некоја поголема група на социјалните мрежи, веројатно ќе ви бидат познати овие типови на луѓе кои ги има скоро во секоја група.

Колку повеќе групата е поголема, толку повеќе има различности и категории во кои членовите можат да се групираат, па големи се шансите и сами да се препознаете. 

Членовите може да ги поделиме на експерти за социјални мрежи, вечни оптимисти, ѕвезди во подем, имам коментатор за сè, дежурни сезнајковци, вечни хејтери, продавачи на сешто, админи и креатори на групи кои блокираат без предупредување....

Листата е предолга и не може да ги опфатиме сите. Најбројна група, секако, се сите оние останати, но по некое правило тие „останати“ поретко коментираат, не објавуваат и не паѓаат в очи. Но, сепак гледаат и знаат сè.

Токму затоа и не можат да бидат блокирани од оној тип на креатори на групи кои не сакаат да слушнат дека некој друг поинаку размислува од нив. Па затоа, ним ќе им посветиме малку повеќе внимание.

Дали некогаш сте биле блокирани откако сте го искажале вашето мислење за одредена ситуација, состојба или цел на групата? Или можеби затоа што сте ја разоткриле нивната вистинска намена?

За некои луѓе, Facebook групите се добар извор на профит. Па така, иако името на групата може да сугерира дека вие нешто давате некому да го користи за да не мора да го купи, убедени дека тој има потреба од тоа, всушност има големи шанси вашите подарени алишта, мебел, чевли, книги и слично да ги видите како друг ги продава и си заработува од тоа. И нормално си реагирате во групата, кажувате ваше мислење и одеднаш ве блокираат.

Па, вие немате право да се буните, нели, бидејќи тоа што сте го дале веќе не е ваше и тој другиот иако ве измамил и разочарал, може да си прави што сака со работите кои му се подарени. Па, дури и да ги продаде и заработи, за да си купи нови чевли, нови книги, нови алишта. Па, ќе се запрашате, зошто воопшто да давате, ако е поедноставно да ПРОдавате?

Токму затоа треба да бидете свесни дека Facebook групите можат да бидат најдоброто средство за продажба, но ако правилно се користат. Затоа ги разликуваме по вид и по правила на однесување. Сето тоа за групата го одредува креаторот. За жал, многу малку групи се тимски настроени иако отвореноста во комуникацијата придонесува за раст на групата.

Па, така ќе наидете и на фрустрирани луѓе кои во реалноста веројатно нема на овој начин да реагираат ако им укажете на нешто, но во виртуелниот свет можат да изигруваат Бог, бидејќи нели, имаат моќ.

Не заборавајте дека и вие имате моќ, а тоа е моќта на изборот. Затоа внимавајте во какви групи членувате и никогаш не се плашете да си го кажете вашето мислење. 

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе