СУПЕРКЛАСИКО НА АМЕРИКА 2019

Тите го изостави Нејмар од Суперкласико, повика 4 дебитанти

Бразилскиот селектор Тите уште отсега го објави списокот на играчи со кои ќе ѝ се спротивстави на Аргентина во популарното јужноамериканско Суперкласико.

Најдобриот играч Нејмар намерно е изоставен бидејќи сезонава мака мачи со повреди. Наместо него деби ќе чека тинејџерот од Реал Мадрид, Родригу, како и Доуглас Луис од Астон Вила, Емерсон од Бетис и голманот на Рома, Даниел Фузату. Селекторот Тите повика вкупно 23 играчи од кои сите играат во клубови ширум Европа. Намерно не се повикани играчи од домашното првенство каде токму тој период се игра 33-тото коло.

Големото дерби наречено Суперкласико на Америка помеѓу Бразил и Аргентина е закажано за 15 ноември, а ќе се игра на неутрален терен на „Кинг Сауд Јуниверсити“ стадионот во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

По овој натпревар „Кариоките“ ќе се преселат во соседните ОАЕ каде на 19-ти во Абу Даби копјата ќе ги вкрстат со Јужна Кореја.

Суперкласико датира од 1914 година кога сѐ до 1976 оваа пресметка беше позната како Рока Куп. Возобновен е во 2011 година, а досега Бразил има 12 титули, додека Аргентина 4 од кои последната дури во 1971.

Голмани:
Алисон - Ливерпул, Англија
Едерсон - Манчестер Сити, Англија
Даниел Фузату - Рома, Италија

Одбрана:
Данилу - Јувентус, Италија
Емерсон - Бетис, Шпанија
Алекс Сандру - Јувентус, Италија
Ренан Лоџи - Атлетико, Шпанија
Едер Милитау - Реал Мадрид, Шпанија
Фелипе - Атлетико, Шпанија
Маркињус - ПСЖ, Франција
Тијагу Силва - ПСЖ, Франција

Средина:
Артур - Барселона, Шпанија
Каземиру - Реал Мадрид, Шпанија
Фабињу - Ливерпул, Англија
Лукас Пакета - Милан, Италија
Доуглас Луис - Астон Вила, Англија
Филипе Кутињу - Баерн, Германија

Напад:
Давид Нерис - Ајакс, Холандија
Роберту Фирмину - Ливерпул, Англија
Габриел Жезус - Манчестер Сити, Англија
Ричарлисон - Евертон, Англија
Родригу - Реал Мадрид, Шпанија
Вилијан - Челси, Англија

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе