Титовиот стан на Менхетн се продаде за 50 милиони долари, колку ѝ следува на Македонија?

Еден од најстарите њујоршки апартмани, кој Југославија го купила во 1946 година, продаден е за 50 милиони долари во кеш, потврди најголемата агенција за недвижности во САД, Douglas Elliman Real Estate.

Агенцијата соопшти дека ја продала вилата во Њујорк, инаку поранешна резиденција на југословенска мисија во Обединетите нации, на престижната Петта авенија на Менхетен, за целосната барана цена од 50 милиони долари во готовина.

Продавачот на вилата, која ја користеше и Постојаната мисија на Србија во ОН, се петте држави наследнички на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија, а вилата е купена од компанија со адреса во Њујорк.

„Новиот сопственик штотуку купи значаен дел од историјата на Њујорк, изјави Тристан Харпер, агентот на Douglas Elliman Real Estate кој го склучи договорот. Тој истакна дека претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито, „иако комунист, имал многу добар вкус за недвижнини“. Според агентот, вилата првпат била понудена на продажба во 2017 година.

Во јуни 2021 година, беше објавено дека е добиена понуда во готовина од 50 милиони долари за купување на вилата и дека земјите што ја продаваат (сукцесори на СФРЈ) постигнале консензус за продажба.

Српските медиуми го цитираат државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Немања Старовиќ, кој во февруари изјави дека врз основа на Анекс Б од Договорот за сукцесија на имотот на поранешна СФРЈ во странство, на Србија ѝ припаѓаат неполни 40 отсто од парите од продажбата на зградата на постојаната мисија во Њујорк.

Претставникот на Србија во Мешовитиот комитет за сукцесија на имотот на ДКП на СФРЈ, генералниот секретар на МНР Вељко Одаловиќ, своевремено изјави дека Србија со продажбата ќе се ослободи од големи трошоци за одржување и чување.

„Станот на Петтата авенија во Њујорк, кој е заклучен од 1992 година и се распаѓа, нè чинеше 14.000 долари месечно, а досега вкупно 2,7 милиони долари“, објасни Одаловиќ.

Со Анекс Б од Договорот за сукцесија на СФРЈ дефинирано е дека од 123-те дипломатски претставништва на СФРЈ, на Босна и Херцеговина ѝ припаѓаат 15 отсто, на Хрватска 23,5, на Северна Македонија 8, Словенија 14 и на Србија и Црна Гора – кои тогаш ја сочинуваа СРЈ – 39,5 отсто.

Според претходно објавен оглас за продажба, вилата е изградена на четири нивоа и има два ката, 18 соби, шест бањи и винарска визба.

Тоа беше првата зграда која имаше два електрични лифтови, кои сè уште се во функција. Во неа е зачуван оригиналниот ентериер, а од 1969 година е под заштита на државата и градот Њујорк.

За време на Студената војна, кога тука престојуваше и Тито, на врвот наводно имало соба која никој не можел да ја прислушува, како и непробојни прозорци кон Петтата авенија.

Првиот сопственик на зградата бил гувернерот на Лонг Ајленд, Роберт Бикман Ливингстон, според кого зградата се нарекува и Бикменова куќа.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе