Видео од Соединетите Американски Држави стана вирално откако познатиот сноубордер Лорен Ричардсон случајно упадна во приватен имот каде сопственикот го пречека со пушка во рацете.
Едноставно, тоа се работи што се случуваат во САД. Ричардсон бордал во кањонот Биг Котонвуд во Јута кога случајно залутал на приватен имот.
Таму го пречекал намќорест сопственик на имот кој држел пушка во рацете. Ричардсон целата случка ја снимил, а потоа ја објавил на социјалните мрежи, по што видеото стана вирално.
Бордајќи во патеката Ричардсон ја снимал својата авантура на сноуборд, а потоа во еден момент налетал на вооружен маж кој жестоко му се заканувал.
„Направи го тоа уште еднаш и твоето тело ќе биде издупчено. Имам целосно право да го заштитам мојот приватен имот“, извикал сопственикот, а во тој момент се слуша како бордерот се извинува додека полека заминува.
„Сите сме тука и се забавуваме. Се надевам дека никој нема да настрада на сноуборд додека некој пука во него. Неверојатно. Сè уште не можам да сфатам дека ова се случи“, рече бордерот кој и покрај стравот кој го претрпел, сепак поминал без сериозни последици.
Интересно е тоа што градоначалникот Ден Ноп откри дека колибата, која ја изнајмиле група сноубордери, е сместена на таков начин што нема никаков пристап освен преку туѓ имот.