ФИБА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2022

Тодоров: Без оглед на сè, мораме да ги кренеме главите

Селекторот на кошаркарската репрезентација по поразот од Русија вели дека играчите биде деконцентрирани поради изненадувачката победа на Естонија над Италија.

Кристијан Николов против Русија; Фото: КФСМ

Македонија синоќа запиша нов пораз во квалификациите за пласман на ЕвроБаскетот 2022 откако од Русија загуби со 77:94 и ја продолжи серијата без победа. Дополнително се искомпликуваа работите за нас поради победата на Естонија над Италија, па сега не само една, туку потребни ни се две победи на последните два натпревара утре и задутре.

„Тешко беше да се сконцентрираме и психолошки да се подготвиме, не толку во однос на нашиот противник, колку што нè изненади првиот натпревар меѓу Естонија и Италија. Мислевме дека одлучувачки ќе биде нашиот дуел со Естонија, но додека се подготвувавме во соблекувалната, ја дознавме лошата вест, дека ќе ни требаат две победи за да се пласираме на Европското првенство“, иозјави селекторот Александар Тодоров.

Селекторот Тодоров; Фото: КФСМ

„Втор важен момент беа скоковите, а трет повредата на Дамјан Стојановски поради што моравме да ротираме тројца кошаркари на таа позиција во преостанатите 36 минути. Противникот имаше 24 скока повеќе од нас, 17 само во првото полувреме кога ја оствари клучната разлика“.

Македонските кошаркари денеска имаат слободен ден, малку да одморат пред последните два натпревара.

„Без оглед на сè, мораме да ги кренеме главите и да продолжиме понатаму. Имаме слободен ден, а потоа два натпревара во два дена кои ќе одлучат. Играме за нашата земја и тоа е најголема мотивација што може да ја добиеме. За жал, лошо ги почнавме овие квалификации и сега поради еден лош натпревар го губиме целиот циклус“, заврши Тодоров.

Утре од 13 часот играме против Италија, а потоа в понеделник од 15 часот против Естонија. Доколку утре не оствариме победа тогаш последниот натпревар нема да има никакво значење.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе