Томас: Подобро да ме исвиркаат, отколку да ме сожалуваат

Париз, 21 јули 2018 (МИА) – Носителот на жолтата маица Герајнт Томас од тимот Скај изјави дека не му пречи тоа што дел од публиката го исвиркала долж 13-тата етапа.

Меѓутоа, британскиот велосипедист упати апел до гледачите да им овозможат безбеден премин на натпреварувачите.

-  Ги чув свирежите уште на стартот, но ги игнорирав. Како што реков, ако негодувањето е вербално и не влијае на трката, тогаш е во ред, истакна Томас .

Тимот Скај воопшто не е популарен во Франција, а неговата доминација на Тур де Франс потсетува на периодот кога Ленс Амстронг владееше со трката.

- Подобро да сум на подиумот и да ме исвиркуваат, отколку да сум во автобусот и да ме сожалуваат, наведе Томас.

Во моментов Томас е прв на трката и има предност од минута и 39 секунди во однос на својот тимски колега и сонародник Крис Фрум. Токму Фрум, кој е четрикратен освојувач на Тур де Франс, е главна мета на француските навивачи, бидејќи само неколку дена пред стартот на трката беше ослободен од обвинувањата за допинг.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Останати спортови

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе