Топ 10 хорор филмови кои не требаше да добијат римејк
Прашањето кое тука си го поставуваме е зошто некој има потреба да си игра со нешто што е веќе перфектно?
Постојат премногу добри и оригинални хорор филмови кои години подоцна добија римејк, наводно за да се направи подобра верзија, но речиси секогаш тоа не беше случај. Филмовите како „Halloween“, „The Stepfather“, „Poltergeist“ и други се такви примери.
Екипата на WatchMojo во оваа листа ги набројува топ 10-те хорори кои требаше да си останат со оригиналната верзија наместо некој да ги упропастува.