Топ 10 најпопуларни торент сајтови во 2023 година

Продолжувајќи со долгогодишната традиција, torrentfreak.com ја објавуви годишната листа на најпопуларни торент сајтови на почетокот на 2023 година.

Мерено според сообраќајот, YTS го зазема првото место, веднаш по 1337x. Сајтот за торенти за аниме NYAA, пак, влезе во првите три.

YTS останува на врвот на листата во 2023 година, и покрај фактот што страницата и нејзините корисници беа подложени на различни тужби во последните години.

Главниот домен YTS продолжува да привлекува милиони посетители дневно. Тоа е прилично големо достигнување ако се земе предвид дека страницата наведува само филмски торенти.

На годишната листа на популарни торент сајтови се наоѓаат добро познати брендови, а оваа година има некои забележителни дополнувања. Новите учесници се сајтови фокусирани на игри; skidrowreloaded.com и igg-games.com.

Двете нови имиња ги заменуваат TorrentGalaxy и LimeTorrents, кои останаа онлајн, но едноставно беа надминати во сообраќај.

Од Torrent Freak нагласуваат дека ја ограничиле листата на торент сајтови на англиски јазик, што значи дека сајтовите како Rutracker.org, Rutor.info, Dytt8.net и Etoland.co.kr не се вклучени, и покрај фактот што имаат значителен сообраќај.

Исто така, нагласуваат дека годишното рангирање се заснова на единечни имиња на домени. Доколку се земат предвид прокси-страниците и алтернативните домени, The Pirate Bay и други ќе се рангираа повисоко.

Подолу е целосната листа на првите десет најпосетувани домени на торент сајтови на почетокот на новата година. Списокот се заснова на различни извештаи за интернет сообраќај. Имајте предвид дека оваа листа е создадена како историски запис, за да се следи популарноста на овие сајтови низ годините.

Не препорачуваме, ниту одобруваме користење на која било од овие страници. Самата технологија BitTorrent не е нелегална, но може да се користи само за споделување содржина со дозвола од носителот на правата.

Топ 10 торент сајтови во 2023:

YTS

1337x

NYAA

RARBG

The Pirate Bay

FitGirl Repacks

Skidrow & Reloaded

IGGGAMES

EZTV

TorrentGalaxy

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе