Топ 10 најпродавани SUV модели во 2019 година

Во првата половина од 2019 година ширум светот беа продадени 4,1% помалку SUV возила во споредба со истиот период во 2018 година, а најбарани беа моделите на јапонските производители.

Најпродаван SUV модел во првите шест месеци од годинава беше Toyota RAV4 со 441.581 испорачани примероци и раст од 8,4%, објави сајтот focus2move.com.

На второ место е моделот CR-V на Hondа што им беше испорачан на 381.464 купувачи (со раст од 15,5%), додека трет е Volkswagen Tiguan со 370.694 продадени возила и пад на продажбата од 10,7%.

Четврти и петти се модели на корејски брендови - Hyundai Tucson (255.048 примероци; -10,3%) и Kia Sportage (243.448 примероци; +1,8%).

Вака изгледа топ 10 на најпродаваните SUV модели во првите шест месеци од 2019 година:

1. Toyota RAV4  - 441.581 продаден примерок

2. Honda CR-V -  381.464 продадени примероци

3. Volkswagen Tiguan - 370.694 продадени примероци

4. Hyundai Tucson - 255.048 продадени примероци

5. Kia Sportage - 243.448 продадени примероци

6. Nissan Qashqai - 239.624 продадени примероци

7. Chevrolet Equinox - 219.530 продадени примероци

8. Mazda CX-5  - 217.385 продадени примероци

9. Nissan Rogue* - 195.800 продадени примероци

10. Mercedes GLC - 190.678 продадени примероци.

*Треба да се напомене дека во составувањето на листата, сајтот focus2move.com ги раздвои Nissan Rogue (на 9. место) и Nissan X-Trail (11. место), кои се всушност ист модел со различни ознаки за различни светски пазари. Кога би се разгледувале заедно, моделот Nissan Rogue/X-Trail би го зазел третото место на листата најпродавани SUV досега во 2019 година.

реклама

Скопјани масовно заминаа кон Маврово, Струга и Охрид за да го избегнат полицискиот час

Read more

Полициски протокол за влез и излез од државата за време на карантинот

Read more

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Охриѓанец лажно се претставувал како сообраќаен полицаец

Read more

Авто новости

Kia го освежи моделот Picanto

Read more

Maserati го објави тизерот за новиот Ghibli Hybrid

Read more

BMW ја претстави новата Серија 4

Read more

Hyundai го претстави новиот Santa Fe, во продажба од септември

Read more

Автомобили

  • filter

Kia го освежи моделот Picanto

Читај повеќе
  • play_arrow

Maserati го објави тизерот за новиот Ghibli Hybrid

Читај повеќе
  • filter

BMW ја претстави новата Серија 4

Читај повеќе
  • filter

Hyundai го претстави новиот Santa Fe, во продажба од септември

Читај повеќе
  • filter

Поглед во тјунираниот BMW M760Li xDrive

Читај повеќе
  • play_arrow

Corvette C8 против Corvette C7

Читај повеќе
  • filter

Објавени првите фотографии од Серија 4 на BMW

Читај повеќе

BMW ќе отпушти 5.000 работници поради коронавирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Nissan со тизер го најави новиот спортски автомобил

Читај повеќе