Toyota ja претстави новата генерација на RAV4

На саемот за автомобили во Њујорк, Toyota ја претстави петтата генерација на нејзиниот најпродаван SUV модел.

Првата генерација на RAV4 се појави во 1994 година и ја започна SUV револуцијата која трае и четврт век подоцна - овој вид возила никогаш не биле попопуларни и пораспространети од денес.

И покрај големата конкуренција во овој сегмент, RAV4 се задржа во врвот од популарноста сите овие години, па во 2017 година заврши на првото место во светот со повеќе од 800.000 продадени примероци.

Новиот RAV4 стилски се заснова на концептот FT-AC од 2017 година и има поробусен изглед во споредба со претходната генерација.

Дизајнот на надворешноста изобилува со поостри рабови, без заоблени површини, па автомобилот сега повеќе наликува на возило со кое може да се упатите во авантура вон асфатираните патишта, отколку на урбан кросовер.

Внатрешноста е исто така модернизирана и ја краси голем 7-инчен дисплеј на допир, а како опција на располагање е и дисплеј со дијагонала од 8 инчи.

На почетокот, RAV4 ќе биде достапен со четирицилиндарски 2.5 литарски бензински мотор со осумстепен автоматски менувач, а во понудата е и хибриден погон. Спецификациите на моторите уште не се објавени.

Новиот RAV4 ќе пристигне најпрво на северноамериканскиот пазар пред крајот на годинава. Датумот на почетокот на продажбата во Европа уште не е познат, но Toyota најави дека тоа ќе биде на стартот од наредната година.

реклама

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе