Свет

Трагедија во Италија: Ненадејно се сруши мостот Моранди, се стравува дека има десетици жртви и повредени

14. август 2018 - 13:51 | А.С.

Мостот Ponte Morandi A10 во Џенова, познат како Polcevera Viaduct,  ненадејно се сруши утрово, при што се стравува дека има десетици жртви и повредени.

Стотина метри од мостот едноставно се срушија на делот во близина на аеродромот во Џенова. Итните служби веднаш стигнаа на местото на инцидентот, каде неколку автомобили се згмечени под урнатините.

Италијанските медиуми пишуваат дека рушењето почнало кај потпорните столбови кај Виа Филак, кај Сампиердарена.

Пожарникарите веќе почнаа да извлекуваат тела и преживеани од урнатините.

Италијанскиот министер за транспорт Данило Тонинели рече дека ова е „невидена трагедија“.

Изградбата на мостот почна во 1962 година и беше завршена во 1968.

Мостот беше обновен во 2016 година.

Градбата долга 1.100 метри се смета за првиот бетонски мост со кабли во Европа.

Уште не е позната причината за рушењето на мостот и кој е точниот биланс на жртви и повредени.

Коментирај