Трајанов: Фон дер Лајен да ја обврзе Бугарија да ги регистрира здруженијата на Македонците

На денешната прес-конференција, Павле Трајанов, претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, меѓу другото нагласи: „Јас, раководството и над 33.000 членови на Демократскиот сојуз сме цврсто определени за Македонија да биде полноправна членка на Европската Унија. Тоа е наш врвен национален, стратешки и државнички интерес. Од таа цел не отстапуваме и сѐ досега што правиме и дејствуваме е во тој правец и така ќе продолжиме.

За уставните промени нема граѓански и политички консензус, велат од ДС, бидејќи тие се резултат на бугарските непринципиелни барања и надвор од Копенхашките критериуми.

„Владата ја прифати Преговарачката рамка без експертска анализа, поширок граѓански и политички консенсуз и рамка во која се вградени билатерални прашања наметнати од Бугарија, прашања со кои се отвораат историски, образовни, јазични, културни и идентитетски дилеми, со кои во суштина се негира историскиот континуитет на македонскиот народ и автентичноста на македонскиот јазик“, наведе Трајанов.

Додаде дека „преку Комисијата за историски и образовни прашања и годишните протоколи, кои се составен дел од Преговарачката рамка, се оспорува македонскиот карактер на историските настани, македонските револуционери, па дури и Охридската Архиепископија“.

Во суштина се „сечат“ корените на македонскиот народ, со што се доведува во прашање и неговата иднина и просперитет, смета тој.

„Ковачевски, Османи и Маричиќ, како и ДУИ и СДСМ, вршат огромна манипулација дека наводно ЕУ го признава македонскиот јазик. Но, вистината е дека во ниту еден документ не стои дека по приемот на Македонија во ЕУ, македонскиот јазик ќе биде службен, официјален јазик во ЕУ.Во заклучоци те на Советот на ЕУ стои само дека преводот на материјали (директиви, одлуки итн.) ќе се врши на македонски јазик, но и дека Бугарија и Македонија имаат право да дадат свои унилатерални изјави околу јазикот, кои се составен дел на пакетот документи и одлуки на ЕУ поврзани со евроинтеграциските процеси на Македонија“.

Павле Трајанов до Европската Унија и до Претседателот на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, упати неколку барања меѓу кои Советот на Европската Унија да донесе одлука со која ќе ја обврзе Бугарија да ги спроведе одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, да им дозволи регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија за негување на нивните идентитетски, јазични, културни и други особености.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе