Трамп: Америка го исмејуваше Путин и го принуди да ја нападне Украина

Б.С.Б.
/ 09.10.2022 / 12:51

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги обвини властите во неговата земја дека „го принудиле“ рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина.

Во интервју за Real America's Voice, десничарска мрежа наклонета на Трамп, тој ја критикуваше администрацијата на Бајден. Изјави дека нивната реторика во месеците кои претходеа на инвазијата во Украина придонела за одлуката на Путин.

„Тие всушност го исмејуваат, ако реално погледнете. Нашата земја, но и нашето така наречено раководство, се потсмеваше на Путин. Реков дека скоро го тераат да влезе во тоа што го зборуваат. Таквата реторика беше целосно глупава“, вели Трамп.

Смета дека украинската инвазија никогаш немаше да се случи ако тој и понатаму беше претседател. Не објасни со конкретни примери како тоа САД се исмејувале со Путин да изврши инвазија на Украина.

Трамп исто така го пофали неговиот деловен однос со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски кога водителот Вејн Рут сугерираше дека Бајден би можел да го испрати Трамп да преговара за мировен договор.

„Јас многу добро се сложував и со Зеленски и со Путин“, рече Трамп.

Но, експерти сметаат дека инвазијата на Украина е нешто за што Путин размислувал многу години, со цел да ја прошири Руската Федерација.

 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе