Трамп: Конгресот не може да ме отстрани поради извештајот на Малер

Вашингтон, 22 април 2019 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Конгресот „не може да го отстрани” од функцијата, поради наодите на извештајот од истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводното мешање на Русија во изборите во САД во 2016 година и неговите обиди да ја попречи истрагата.

„Само тешки кривични дела можат да доведат до импичмент. Нема никакви мои престапи (без тајни договори, без попречување на истрагата), па не може да има ни импичмент. Демократите извршија кривични дела, а не вашиот републикански претседател“, напиша Трамп на Twitter.

Ревидираната верзија на извештајот на Малер од околу 450 страници беше објавена минатата недела, по две години интензивна истрага.

Извештајот потврди дека руските агенти се обидувале да интервенираат во изборите во 2016 година за да му помогнат на Трамп да ја победи демократската противкандидатка Хилари Клинтон, вклучително и преку хакирање на нејзините имејл адреси.

Но, извештајот исто така посочува дека штабот на Трамп не бил вклучен во заговор со Русите за нивните активности.

За време на истрагата, Трамп постојано се обидуваше да ја спречи работата на Малер, се вели во извештајот.

Малер оцени дека не може да се произнесе на каков било начин, за тоа дали Трамп сторил кривичното дело попречување на правдата.

Демократите, кои го контролираат Долниот дом на Конгресот, досега најчесто се воздржуваа од повикување на процедура за импичмент (отповикување) на претседателот.

Но, комисии на Претставничкиот дом инсистираат да им биде даден целиот извештај на Малер, со деловите кои сега не се достапни до јавниста поради безбедносни или правни причини.

реклама

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе