Треба ли да носиме заштитна маска?

Дали секој од нас треба да носи заштитна маска за да го спречиме ширењето на коронавирусот? Ова прашање често се поставува во последно време.

Имено, студијата која е направена во САД тврди дека капките кои се испуштаат во процесот на кашлање можат да досегнат и до шест метри во далечина, а капките кои се испуштаат при кивањето и до осум метри. Дејвид Хејман за BBC News рече дека новото истражување може да донесе промени во советите за носење на заштитни маски.

СЗО препорачува дистанцирање од еден метар од личноста која кива или кашла за да избегнете ризик од инфекции. Освен тоа, тие велат дека само заразените луѓе од COVID-19 треба да носат маска, исто како и оние коишто се грижат за заболените лица.

На брифинг во Белата куќа, Дебора Брикс, членка на претседателовиот Штаб за борба потив коронавирусот, изјави дека Центрите за контрола на болести во САД, (CDC) во текот на следните денови во препораките за заштита од заразата ќе го додадат и носењето заштитни маски.

И шефот на Штабот за превенција на коорнавирусот, потпретседателот Мајкл Пенс, на брифингот во Белата куќа изјави дека мерката за носење маски ќе биде донесена најдоцна за неколку дена.

Администрацијата на Трамп и службите за јавно здравје досега ја отфрлаа нужноста за носење маски, тврдејќи на почетокот дека за здравите лица таквите мерки се непотребни, па дури и контрапродуктивни.

Бројката на жртви од коронавирусот во САД до доцна синоќа изнесуваше 5.887 лица, а на заразените во сите 50 сојузни американски држави надмина 243.000 лица.

Дали ќе се направат промени во врска со заштита и ширење на коронавирус, ќе процени групата на советници на СЗО.

реклама

Се подготвува протокол за отворање на аеродромите и граничните премини

Read more

Владата донесе протоколи за градинките, факултетите, основните и средните училишта

Read more

Филипче: Се координираме со соседите за отворање на границите, најверојатно нема да се бараат тестови

Read more

30 мај 1913, завршила Првата балканска војна со поделба на Македонија

Read more

Здравје

Како изгледа процесот на создавање вакцина за COVID-19?

Read more

Која храна не треба да се јаде по истекот на рокот?

Read more

Шест намирници кои го прочистуваат црниот дроб

Read more

Експертите се против заштитни маски за деца под две години

Read more

Магазин

Чорба на денот: Витаминска бомба од лосос и зеленчук

Читај повеќе
  • play_arrow

Неделен план со вежби за слабеење за мајки

Читај повеќе
  • play_arrow

За 30 дена во карантин завршила 20 онлајн курсеви

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон ја откри тајната за „новата младост“: Не е сè во исхраната и вежбањето

Читај повеќе
  • filter

Жители на Амстердам: Градот е почист и потивок без туристите

Читај повеќе

Принц Вилијам: Здравствените работници не треба да ги нарекуваме „херои“

Читај повеќе

Пет работи кои треба да ги знаете доколку сте вљубени во Водолија

Читај повеќе

Келимуту – свето место со три езера кои менуваат боја

Читај повеќе

Домашен сок од јагоди

Читај повеќе