Трејлер за „Floor is Lava“ - ново брутално натпреварувачко шоу на Netflix
Популарната стриминг платформа Netflix храбро навлезе и во сферата на реални и натпреварувачки шоуа.
По успехот со Love is Blind, The Circle и Too Hot to Handle, програми кои го редефинираа овој сегмент на забавните содржини, Netflix создаде и натпреварувачко шоу.
Кретивниот тим на Netflix е познат по тоа што знае како да ја искористи носталгијата на својата целна публика, па за ова шоу во основа ја употреби популарната детска игра „Подот е лава“ – не смеете да стапнете на подот, а може да го користите мебелот и архитекурата на собата за да преминете на другата страна.
„Floor is Lava“ има премиера на 19 јуни на Netflix.