Трејлер за вториот дел од „Unsolved Mysteries“
Netflix го објави трејлерот за вториот дел од новата сезона од популарната серија „Unsolved Mysteries“ која прикажува вистинити крими настани чија цел е нивно решавање со помош на јавноста.
Ова ќе биде вкупно 15-та сезона на „Unsolved Mysteries“, но прва откако правата ги зема Netflix. Оригиналната серија траеше од 1987 до 2010 година и беше препознатлива по нараторот Роберт Стак чиј длабок глас влеваше мистерија во секоја епизода. Многу злочини ширум САД беа решени благодарение на „Unsolved Mysteries“.
Првите 6 епизоди од својата прва сезона Netflix ги објави на 1 јули, а покрај во САД опфаќа и нерешени мистерии во Европа и Азија. Продолжението од сезоната ќе биде достапно за претплатниците на 19-ти месецов.