Од најновиот трејлер за „The King’s Man“ може да дознаеме што може да очекуваме од новото продолжение, во режија на Метју Вон. Трејлерот открива и нов мистериозен негативец.
Новиот филм го објаснува потеклото на тајната служба, а во главните улоги се појавуваат Ралф Фајнс, Гема Артертон, Харис Дикинсон и други
Главниот негативец е мистериозен, во една сцена е прикажан како носи златен прстен. Неговите следбеници, меѓу кои е и Распутин, му се обраќа, но останува мистерија кој ја толкува улогата. Сепак, неговите мотиви се јасни, сака да започне светска војна.
Премиерата на филмот требаше да се одржи во февруари, но е одложена поради пандемијата. Новата премиера е закажана за 28 септември.