Три кардинални фитнес грешки што сите ги правиме

А.С.
/ 15.06.2022 / 16:36

Ако вежбате некое време, а резултатите не се видливи, големи се шансите дека сте „виновни“ за некои од овие фитнес гревови. Не грижете се, сите сме ги направиле барем еднаш.

Ги повторувате истите вежби, секој ден

Дали вежбате секогаш на истата опрема, или дали секогаш трчате по истата рута, ден по ден? Без разлика дали сакате да го подобрите темпото/издржливоста или да останете во топ форма, или едноставно да не си го саботирате вежбањето, важно е да вежбате разновидно. Покрај тоа што дејствувате на различни мускулни групи со различни вежби, избегнувањето на рутината ќе го направи вашиот тренинг позабавен. Ако секогаш правите исклучиво кардио вежби, пробајте пилатес за промена, на пример.

Калории по вежбање

Дали после напорен тренинг се наградувате со сладолед или некој друг десерт? Само затоа што сте одработиле солиден тренинг, не значи дека треба да го зголемите внесот на калории, особено ако вежбате за да изгубите неколку килограми. Наградете се понекогаш со некој десерт, но на дневна основа, обезбедете му на вашето тело доволно квалитетна храна што ќе ви даде енергија и што нема да му наштети во борбата против вишокот килограми.

Неправилно изведување вежби

Мислите ли дека сте на вистинскиот пат само затоа што се потите секој ден? Можебиа.. А можеби и сосема не сте во право. Многу фитнес тренери забележале дека луѓето често ги изведуваат вежбите на сосема погрешен начин. Многумина не знаат правилно да користат одредени справи, не знаат со кои тегови да вежбаат и кои помагала најдобро да ги користат за да ја постигнат посакуваната цел. Само затоа што редовно ја посетувате теретаната, не значи дека навистина придонесувате за благосостојбата на вашето тело. Дури и ако мислите дека знаете да вежбате, прашајте ги фитнес инструкторите за совет и не претпоставувајте, туку бидете сигурни.

Тагови
реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе