Три случаи на семејно насилство во Битола, нападнати сопруги и мајка

Во текот на април биле пријавени три случаи на семејно насилство во Битола. Двајца битолчани ги нападнале своите сопруги, а трет битолчанец ја нападнал мајка си.

Едниот случај е регистриран на 19 април, кога четириесет и шестгодишен битолчанец, пијан, почнал да се расправа со неговата сопруга. Синот на неговата сопруга од првиот брак се обидел да ги раздели, но во тој момент пријавениот го удрил во пределот на десното око нанесувајќи му телесна повреда.

Другиот случај се случил на 24 април кога педесетгодишен битолчанец влегол во спалната соба на поранешната сопруга, со викање ја разбудил и со кујнски нож се заканил дека ќе ја убие. Потоа почнал да ја турка и да ја влече низ ходникот, по што нивниот син дошол да ги раздели. Пријавениот сам паднал во ходникот по што повикал полиција. 

Во третиот случај, кој се случил на 12 април, триесет и четиригодишен битолчанец во семејната куќа почнал да вика по неговата мајка бидејќи го пријавила за семејно насилство.

Потоа ѝ побарал пари, а кога му рекла дека нема ја нападнал со тупаници и ја заклучил во спалната соба. Против тројцата се поднесени кривични пријави.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Хроника

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Read more

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Read more

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе