Кога е време да се каже збогум?

Три знаци дека сте во токсична врска

Доколку непрестанато се карате со партнерот, а се плашите да му го кажете своето мислење поради страв од неговата реакција - не сте единствени. Причините поради кои луѓето заглавуваат во ваков љубовен однос се многубројни - од лоши примери во детството, најчесто родителите, преку недостатокот на самодоверба, до стравот да се биде целосно отворен кон партнерот.

Останувањето во таква врска го загрозува здравјето, но тешко е да се прекине, па луѓето често бараат оправдувања убедувајќи се себе дека не постои совршенство и дека е само лоша фаза. Сепак, доколку ги забележите овие три знаци, време е да се загрижите бидејќи укажуваат дека сте во токсична врска.

Омаловажување

Едно е добронамерна критика, а друго е постојано укажување на вашите недостатоци, постапки и грешки. Доколку на партнерот не му се допаѓа ништо што ќе направите и кажете, па и вашите постапки со најдобра намера ги дочекува „на нож”, омаловажувајќи и со „спуштање” дури и пред пријателите и децата, не го оправдувајте со тешката ситуација на работа поради која е нервозен. Љубовта вклучува доверба, а омаловажувањето не е знак дека партнерот ве цени. Ова е магепсан круг, па ни другата страна често не останува должна. Доколку забелешката на партнерот дека сте се здебелиле ја проследите со коментар дека сексуално не ве задоволува, па морате да јадете, време е да се прашате како сте стигнале до таа точка.

Дистанца

Дали секогаш кога сакате да разговарате за проблем вашиот партнер станува нем и бега во друга просторија? Дали вашиот предлог да посетите брачен терапевт го отфрла како глупав, бидејќи нему ништо не му фали? Дали вашата потреба почесто да ве гушка ја дочекува рамнодушно и не презема ништо, за во прва прилика да ве обвини дека премногу барате? Доколку одговорите на овие прашања се потврдни, во врска сте со личност која не умее да комуницира, што е основа за секој однос. Избегнувањето на комуникација за проблеми укажува на пасивно-агресивено однесување, кое со време станува само полошо бидејќи партнерите се оддалечуваат.

Беспомошност

Секоја врска има подеми и падови, нереално е да се очекува крај како во бајките. Но, тоа не значи дека треба да го прифатите фактот дека поголемиот дел од поминатото време со оваа личност сте несреќни. Љубовта има моќ да не наполни со позитивна енергија, но доколку покрај партнерот често или секојдневно се чувствувате исцрпено и уморно, размислете дали сакате продолжение на агонијата во која беспомошно ќе се вртите во круг. Или, ќе соберете сила да си дадете себе си шанса за нов почеток и среќа.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Љубов и секс

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Read more
 

Магазин

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Читај повеќе

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Читај повеќе

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Читај повеќе

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Читај повеќе

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Читај повеќе

10 најздрави сирења, според нутриционистите

Читај повеќе