Турција го испрати првиот ќебап во вселената

Многу земји штотуку почнуваат да ги развиваат своите вселенски амбиции, а Турција направи нешто несекојдневно.

Ќебап од ресторан во Адана, Турција, во вторникот бил „лансиран“ во стратосферата. Сопственикот на ресторанот Јашар Ајдин, со помош на претприемачот и студент по инженерство, Идрис Албајрак, го организираше испраќањето на „првиот ќебап“ во стратосферата.

Ќебапот е популарно јадење во Адана и се прави од јагнешко месо завиткано околу челична цевка. Ќебапот бил подготвен и псакуван во посебна кутија дизајнирана да издржи екстремни температури, која потоа била поврзана со балон со хелиум заедно со камери и уред за следење.

Летот на ќебапот го следеа голем број луѓе и беше вистинско шоу додека го прелета јужниот дел на Турција.

Испратен е во стратосферата на 12 април, на годишнината од првиот лет со екипаж во орбитата на советскиот космонаут Јуриј Гагарин, кој го направи тоа на 12 април 1961 година. Гагарин тоа го направи во вселенското летало Восток-1, односно ракетата Восток-К лансирана од космодромот „Бајконур“ во Казахстан. Патувањето околу Земјата го направи за час и 29 минути на максимална надморска височина од 301 километар.

Турција сега испрати ќебап на воодушевување на насобраните маси, а по тричасовното патување балонот се искачи на висина од 38 километри, пукна и потоа со падобран падна во морето кај брегот на турската провинција Хатај.

Remote video URL

Благодарение на локаторот, Ајдин и неговиот тим го пронашле ќебапот.

„Мислам дека вонземјаните го вратија затоа што содржеше премногу бибер. Следниот пат ќе испратам ќебап со помалку бибеп“, се пошегува Ајдин.

Неговата цел е ќебапот да го испрати уште подлабоко во вселената.

Треба да се каже дека ќебапот не ја напушти атмосферата поради балонот со хелиум, бидејќи за да го направи тоа, ќе требаше да ја помине границата од 100 километри надморска височина, односно да ја помине линијата Карман, границата меѓу Земјината атмосфера и вселената.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе