Над 1.000 луѓе, претежно полицајци, се приведени во операција ширум Турција поради поврзаност со мрежата на имамот Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот воен удар во јули минатата година.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сољу изјави дека досега се приведени 1.009 лица и дека операцијата е спроведена во 81 провинција.
По неуспешниот воен удар, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган почна да апси луѓе кои наводно имале некаква поврзаност со неговиот најголем непријател, Ѓулен. Во операцијата која се уште трае, се апсат новинари, професори, полицајци, судии и други.