Турската полиција со солзавец ја растури Парадата на гордоста, приведени германски пратеници

Турската полиција приведе 19 лица, меѓу кои двајца германски пратеници, и употреби солзавец во центарот на Истанбул во неделата, за да ги растера неколкуте десетици активисти кои се обидоа да ја одбележат годинешната седмица на Поворката на гордоста, откако властите претходно ја забранија од безбедносни причини по заканите на екстремните десничарски и националистички движења.

Организаторите ја откажаа годинешната Парада на гордоста, којашто од 2003 година се одржува без инциденти во мирна атмосфера и со околу 100.000 учесници е најголемата таква манифестација во муслиманскиот свет, откако властите не го одобрија нејзиното одржување и испратија силни специјални полициски единици во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим.

Меѓу оние кои беа накусо приведени во неделата е и пратеничката од германскиот Бундестаг Тери Рејнтке и пратеникот Волкер Бек, активистички ветеран за правата на хомосексуалците. Покрај нив, приведени се уште двајца германски државјани.

Властите на Истанбул минатата седмица соопштија дека поворката е забранета поради загриженоста за јавниот ред и за безбедноста. Безбедносните услови во мегалополисот и она веќе се заострени по низата бомбашки напади последните месеци за коишто одговорноста ја преземаа џихадистичката Исламска држава и курдските герилци.

Екстремните десни групи, како Големата унија (BBP) и Здружението на младите муслимани од Анадолија, исто така, изминатите денови упатуваа закани за учесниците на годинешната парада која требаше да се одржи во рамките на манифестацијата Недела на гордоста од 20-ти до 26-ти јуни со главната поворка на главната истанбулска авенија Истикал, во близина на историскиот централен плоштад Таксим.

Иако хомосексуалноста не е злосторство во Турција, за разлика од многу други муслимански земји, активистите велат дека хомофобијата е широко распространета. Според нив, претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговата исламско-конзервативна Партија на правото и правдата (АКР) покажува малку интерес за заштита и јакнење на првата на малцинствата, хомосексуалците и жените и не толерираат поинакво мислење.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе