Twitter пукна од смеа за фотката на Ендрју Тејт со коса

Откако во медиумите се појавија нови фотографии од инфлуенсерот Ендрју Тејт, луѓето почнаа да му се потсмеваат поради старата изјава во која тој рече дека ќелавоста е всушност негов личен избор.

Стотици твитерџии му се потсмеваат на контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт за една стара изјава во која рече дека свесно избрал да биде ќелав, а фотографиите кои се појавија во медиумите покажаа дека всушност немал друга опција.

Така, еден корисник се огласи на Twitter, пишувајќи дека не можел да поверува дека Тејт имал храброст да тврди дека е ќелав по избор. Овој твит набрзо собра над милион прегледи, а потоа и други корисници на оваа мрежа го споделија своето мислење.

URL

Некои отидоа чекор подалеку, па на една фотографија додадоа долга коса на овој контроверзен инфлуенсер и опис во кој се наведува како неговите обожаватели всушност го гледаат.

URL

Еден од корисниците напиша хумористична причина зошто Тејт сака да биде пуштен на слобода, пишувајќи дека инфлуенсерот сака што поскоро да замине во Турција на трансплантација на коса, што е позната локација за мажи кои сакаат да се ослободат од ќелавоста.

„Мене ми е смешен фактот што Ендрју Тејт може да пушти повеќе влакна на лицето отколку на главата“, „Братот потроши милиони на Bugatti, но немал 1.500 долари за да одлета во Турција и на пресадување коса“, „Не бидете толку строги кон него. Во затворот немаат брзи бришачи за прашина.

Потсетуваме, романскиот суд во средата ја одби жалбата за неговиот притвор. Ендрју Тејт и неговиот брат, кои се обвинети за наводна трговија со луѓе, ќе останат во полициски притвор до судската одлука на 27 февруари.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шефот на Вагнер му пиша на Шојгу: Ве предупредувам дека Украина подготвува жесток напад

Read more

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Read more

Живот

Бонтон vs обичаи: Дали на гости треба да се соблекуваат чевлите?

Read more

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Read more

Почнува сезоната на алергија на полен - совети како да ги ублажите симптомите

Read more

Зошто пролетта долго време не доаѓа на 21 март?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Што треба да правите на секој тренинг за подобри резултати?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучеле јазиците на Викинзите, Ацтеките, Египќаните, Римјаните...?

Читај повеќе

Бонтон vs обичаи: Дали на гости треба да се соблекуваат чевлите?

Читај повеќе

Што да јадете за здрав црн дроб?

Читај повеќе

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Читај повеќе

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Читај повеќе

Како да направите домашна пица како вистински мајстор?

Читај повеќе

Инфлуенсерски сон: Дизајнерски чизми со Телетабиси чинат 2.500 долари

Читај повеќе