Уапсен Андреа Бонафеде, човекот кој му го позајмил идентитетот на шефот на Коза ностра

МИА/КАЈГАНА
/ 24.01.2023 / 08:23

Италијанската полиција на Сицилија го уапси Андреа Бонафеде, човек кој му го позајмил својот идентитет на еден од најбараните италијански мафијашки шефови, Матео Месина Денаро, кој се криеше од законот 30 години до неговото апсење во Палермо минатата недела.

Благодарение на Бонафеде, Месина Денаро „можеше слободно да се движи во Италија, да го избегнува законот и да ги користи услугите на италијанското државно здравство без да го открие својот вистински идентитет“, се вели во обвинението.

Италијанските обвинители веруваат дека Бонафеде, наводно член на Коза ностра, добил 20.000 евра од Месина Денаро за да купи куќа во западна Сицилија, која служела како едно од засолништата на шефот на мафијата.

Remote video URL

Месина Денаро беше уапсен на 16 јануари во клиника во Палермо додека примаше хемотерапија, кога ја искористи личната карта на Бонафеде на која била заменета фотографијата.

По апсењето, полицијата извршила претрес во три куќи во кои во последните месеци се криел шефот на мафијата и пронашла сметки од луксузни ресторани, накит и филмски плакати, меѓу другото, од филмовите „Кум“ и „Џокер“.

Месина Денаро беше осуден во отсуство на повеќекратни доживотни затворски казни, а се верува дека е еден од организаторите на серијата бомбашки напади во 1992 година во Италија. Во една од нив загина и познатиот италијански обвинител Џовани Фалконе.

URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе