Скопје, 15 јули 2019 (МИА) – Сопственикот на 1тв Бојан Јовановски денеска е задржан на граничен премин, на барање на Јавното обвинителство.
Обвинителката Вилма Русковска за МИА потврди дека Јовановски е задржан на граница, а повеќе детали ќе бидат соопштени попладнево на прес-конференција во ЈОРМ во 16:30 часот.
Неофицијално, апсењето е на барање на обвинителството за организиран криминал.
На пресот ќе се обратат Љубомир Јовески, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и Вилма Русковска, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.