Во секој момент треба да започне седницата на Националниот совет за безбедност на Србија, со која претседава претседателот Александар Вучиќ.
Седницата ќе се одржи во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Република Србија, се наведува во соопштението на Службата за соработка со медиумите на Претседателот на Република.
Да потсетиме, седницата беше закажана по големата акција на полицијата, БИА и Обвинителството за организиран криминал, во која првиот ден беа уапсени 17 лица, обвинети за најтешки кривични дела и организиран криминал. Уапсен е водачот на групата, Веjко Беливук, познат како Велја Неволја - еден од водачите на навивачите на „Партизан“, како и неговата „десна рака“.
По пребарување на повеќе локации, освен оружје и дрога, но и докази за кривични дела, пронајден е снајпер.
Шефот на криминалистичката полиција доцна синоќа изјави дека 850 специјалци биле распоредени на отворањето на споменикот на Стефан Немања, неодамна во Белград, бидејќи тој „се заканил со атентат“ врз претседателот на Србија.
Објавено е и видео на кое се гледа што се случуваше во бункерот под стадионот на Партизан, кога влезе полицијата во целосна опрема. Се гледа дека неколку луѓе лежат, со лица свртени кон подот и рацете прекрстени на грбот или на главите.