Убиството во Кочани е фемицид, се бара преквалификување на делото

Платформата за родова еднаквост реагира дека случајот на фемицид, најтешкиот вид родово базирано насилство, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, Основното јавно обвинителство Кочани го квалификува како убиство на свиреп начин, со што се потврдува фактот дека институциите сè уште не го препознаваат родово базираното насилство.

Основното јавно обвинителство Кочани, додаваат од таму, донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена нанесувајќи ѝ многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и ѝ задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите жртвата починала на самото место“, стои во соопштението на ЈО Кочани.

Ова несомнено покажува дека фемицидот како родово базирано насилство повторно не е препознаено. Оттука, бараме Основното јавно обвинителство да го преквалификува кривичното дело – фемицидот во Кочани во согласност со член 123, став 2, точка 2а – друг ќе лиши од живот жена или девојче до 18 години, при вршење родово-базирано насилство во согласност со последните измени на Кривичниот законик“, нагласуваат од Платформата за родова еднаквост.

Дополнително, Платформата за родова еднаквост ќе поднесе барање до државниот јавен обвинител, Љубомир Јовевски, за преквалификување на делото во согласност со член 123 став 2, точка 2 а.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Хроника

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе