УЕФА го возвраќа ударот: Тешки санкции за учесниците во Супер лигата

УЕФА е крајно огорчена од најавата на дванаесетте клубови за создавање на Супер лигата, па еден од многу чекори во борбата за стопирање на овој проект е и драконски мерки против сите учесници во оваа „паралига“.

Реал Мадрид, Милан, Арсенал, Атлетико, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем објавија дека постигнале договор за создавање на ново натпреварување во кое ќе им се придружат и други осум клубови.

Тие би ја раководеле Супер лигата, ексклузивно и затворено натпреварување за најдобрите и најбогатите кое на тој начин преактично би ја уништило Лигата на шампиони на УЕФА.

Токму затоа УЕФА најави жестоки казни за сите 12 одметници, но и за оние кои допрва ќе им се приклучат: исфрлање од националните првенства, како и забрана за нивните фудбалери да играат за репрезентациите.

Крис Вилиамс, дописник од УЕФА за Меѓународното здружение на спортски новинари, на својот Twitter прфил објави:

„На денешните разговори со луѓето од УЕФА се гледа дека постои желба 12-те клубови веднаш да се исфрлат од сите натпреварувања на УЕФА, како и на Реал, Барселона, Милан и Ливерпул да им се забрани да ги носат на дресовите почесните амблеми на УЕФА. Овде има многу бесни луѓе“.

URL

Почесниот амблем на УЕФА е лого кое се носи на левиот ракав од дресовите и кои смеат да го имата само клубовите кои имаат освоено 5 титули во Купот на шампионите и Лигата на шампионите, или пак три титули во низа. Амблемот кој УЕФА им го доделува на клубовите содржи слика од пехарот во кој се наоѓа бројот на освоени титули од клубот.

Почесните амблеми на Баерн и Реал пред да ги освојат последните (6 и 13), и Ајакс

Барселона во 2015 година со освојувањето на петтата титула шампион на Стариот континент стана последниот клуб кој стекнал право да носи ваков амблем. Им се приклучи на Реал (13), Милан (7), Баерн (6), Ливерпул (6) и Ајакс (4, но 3 по ред).

Со оглед на тоа што Баерн и Ајакс нема да бидат дел од Супер лигата, само овие два клуба ќе продолжат да го носат овој почесен амблем.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе