УЕФА обезбеди нови документи во истрагата против Јувентус

УЕФА обезбедила нови докази во случајот што Торинското обвинителство го води против Јувентус, пренесува La Gazzetta dello Sport.

Европската куќа на фудбалот официјално отвори истрага за финансиските малверзации на Јувентус на 1 декември 2022 година.

УЕФА ги испитува најновите биланси на „Бјанконерите“, кои му дозволија на клубот да го затвори „договорот за порамнување“ на 23 август минатата година.

Gazzetta пренесува дека УЕФА веќе неколку месеци е во постојан контакт со Торинското обвинителство и сега обезбедила нова документи кои се однесуваат на дополнителни испитувања извршени пред прелиминарното сослушување закажано за 27 март.

Торинското обвинителство предложи судење за 12 луѓе, вклучително и поранешниот клупски претседател Андреа Ањели, поранешниот потпретседател Павел Недвед, поранешниот менаџмент директор Фабио Паратичи и поранешниот извршен директор Маурицио Аривабене.

Она што е вредно за напоменување е фактот што истрагата што ја води Торинското обвинителство не е директно поврзана со казната со одземање на 15 бодови која Јуве ја доби во јануари. Таа казна беше издадена од Сојузниот апелационен суд на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

Торинското обвинителство ги истражува наводните вештачки надувувани трансфер вредности на Јувентус, како и неговите маневри со платите на играчите. Втора истрага, која се води за платите во Јувентус, исто така ја води ФИГЦ, а токму таа може да донесе нова казна за „Старата дама“, додека УЕФА ќе покрене постапка за санкционирање доколку се покаже дека клубот свесно ја менувал баланс-состојбата.

Gazzetta пишува и дека ФИГЦ поседува документи кои може да инкриминираат и други клубови, и тоа Удинезе, Сасуоло, Болоња, Аталанта, Сампдорија и Каљари.

URL
Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе