УЕФА отвори дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо

УЕФА потврди дека отворила дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, откако тој синоќа доби црвен картон во победата на Јувентус над Валенсија во Лигата на шампионите.

Суперѕвездата на Старата Дама доби контроверзно исклучување во 29 минута, во рамките на првиот натпревар од Лигата на шампионите, после дуел со противничкиот играч Муриљо.

На Ронадо му беше покажан директен црвен картон откако подигна рака на Муриљо, кој потоа падна на земјата, а потоа Роналдо го фати за коса.

Ова беше воедно и првиот црвен картон на Португалецот во рамките на Лигата на шампионите.

После консултација со своите асистенти, судијата Феликс Брих го исклучи Роналдо, кој ја напушти „Местаља“ во солзи.

Црвениот картон значи автоматски суспензија на еден натпревар за 33-годишниот Роналдо, но тој може да се соочи и со поголема казна и да го пропушти враќањето на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед на 23 октомври, кога Јуве ќе гостува во Манчестер во третото коло од групата H.

На 27 септември случајот на Роналдо ќе биде преслушан од страна на комисијата на УЕФА за контрола, етика и дисциплина.

реклама

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе