УЕФА размислува да го премести финалето на ЛШ од Истанбул заради безбедносни причини

Потпретседателот на УЕФА, Микеле Ува, ги потврди шпекулациите дека е можно финалето на Лигата на шампионите 2020 да не се одржи во Истанбул.

Јавноста ја „притиска“ УЕФА откако Турција започна воена офанзива против Курдите во Сирија, а турските фудбалери со војнички поздрав ги прославија головите во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

„Ние сакаме да сме автономна организација, но не можеме да ги оспориме мислењето на ЕУ, државите, амбасадорите и другите политички институции. УЕФА, за одлуките се консултира со извршниот одбор и претседателот“, изјави италијанецот Ува.

И пред инцидентите во Сирија, имаше повик натпреварот да не се одржи во Истанбул заради безбедносни причини.

Финалето на ЛШ 2020 треба да се одигра на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, кој има капацитет од 76.000 гледачи.

Овој стадион беше домаќин на ЛШ во 2005 кога Милан иако губеше со 3:0 од Ливерпул на крајот победи на пенали.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе