Украина ќе ги бојкотира ЛОИ во Париз ако настапат руски и белоруски олимпијци

Украина се закани со бојкот на Летните олимписки игри (ЛОИ) 2024 во Париз доколку на нив им биде дозволен настап на спортистите од Русија и Белорусија, кои се исклучени од речиси сите меѓународни натпреварувања по руската инвазија врз украинската територија на 24 февруари лани.

Можноста руските и белоруските олимпијци и олимпијки да бидат поканети на ЛОИ 2024 синоќа ја навести париската градоначалничка Ана Идалго, која изјави дека сака нивно учество, но без истакнување национални обележја.

Реагирајќи на најавата на Идалго, украинскиот министер за спорт, поранешниот мечувалец Вадим Гутцајт, истакна дека такво сценарио е „неприфатливо за нашата држава“.

„Нашиот став е непроменет: Додека трае војната во Украина, руските и белоруските спортисти не треба да учествуваат на меѓународните натпреварувања. Доколку тоа не се почитува не ја исклучувам можноста од бојкот и наше одбивање да настапиме на Олимписките игри“, објави Гутцајт на социјалните мрежи.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Останати спортови

Словенката Клинец го собори светскиот рекорд во скијачки скокови

Read more

Швајцарскиот скијач Одермат испиша историја

Read more

Пејџ ВанЗант продаде картичка со бакнеж за 13.200 долари

Read more

Потврдена борбата на векот: Фјури против Усик, Украинецот прифати „невозможни“ услови

Read more
 

Спорт

Модриќ започна преговори со Реал, но и со уште два клуба

Читај повеќе

Ибра: Јас сум минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација

Читај повеќе

Норвешка без Холанд против Шпанија

Читај повеќе

Верстапен: Не сум среќен, требаше да победам

Читај повеќе

Лацио со осуда кон навивачите кои го величаа Хитлер и скандираа антисемитски пароли

Читај повеќе

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Читај повеќе

Де Роси ја измамил сопругата роденденот да го слави во паб гледајќи дерби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси не може ни да вечера на раат во Аргентина

Читај повеќе

Претставен новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација

Читај повеќе