Украина повикува: Секој што може да држи оружје да се приклучи во одбрана на земјата

МИА/КАЈГАНА
/ 24.02.2022 / 09:44

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека секој кој е подготвен и способен да држи оружје може да се приклучи на редовите на Територијалните одбранбени сили.

Украинските гранични сили претходно соопштија дека руски копнени сили утринава од повеќе правци навлегле на украинска територија.

„Руски воени возила, вклучително и оклопни возила, навлегоа во регионите на Чернихив (северна, белоруска граница), Суми (североисточна, руска граница), Луганск и Харков (источна, руска граница) и преку преминот меѓу полуостровот Крим и континентална Украина“, се наведува во соопштението.

Се додава дека Русија отворила артилериски оган пред да испрати воени возила.

Украинските сили објавија и видео на кое се гледаат возила означени со буквата „З“.

Зеленски им понуди оружје на сите граѓани

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се обрати на нацијата.

„Имаме силна армија и нашиот народ е силен, сакам да ја изразам мојата поддршка за армијата која е вклучена во борбите. Непријателот претрпе големи загуби, а тие ќе бидат уште потешки. Украина е нападната од воздух, од север и од југ, а националната солидарност е основата на украинската државност.

„Даваме оружје на сите кои се способни да го бранат суверенитетот. Секој граѓанин ќе одлучи за иднината на нашата држава. Секој со воено искуство мора да се пријави во центрите за регрутирање. Ве молиме одговорете и дарувајте крв.

Советот за безбедност ќе ги укине санкциите против сите вклучени во одбраната на нашата земја. Денес се пишува историја, но друга историја за нас и Русија. Ги прекинавме дипломатските односи со Русија. Украина се брани и нема да се откаже од слободата, без разлика што мисли Москва.

Русија ја нападна нашата земја на страшен начин како што тоа го направи Германија. Русија е на патот на злото, но многу зависи од рускиот народ. Народот на Русија ќе треба да избере по кој пат да оди. Сите оние кои не ја изгубиле честа во Русија сè уште имаат време да излезат и да протестираат против оваа војна“, рече Зеленски, обраќајќи се на руски јазик.

URL

Гранична служба: Тројца загинати во Украина од руската инвазија

Бројот на загинати во украинската војска од руската инвазија денеска се искачи на три, соопшти граничната служба за потврдени загуби претрпени долж јужната граница со анектираниот Крим од Кремљ.

Руските вооружени сили се обидуваат да навлезат во Украина од неколку правци, користејќи ракетни системи и хеликоптери за да ја нападнат украинската позиција на југ, соопшти граничната служба.

Станиците на метрото во Киев станаа импровизирани засолништа

Станици на метрото станаа импровизирани засолништа во главниот град на Украина, Киев. Очевидци за CNN тврдат дека станиците се полни со луѓе, организирани во групи, кои носат со себе залихи.

„Додека ги слушаме звуците од воздушниот напад, можете да замислите колку испаничени се луѓето во градот, станувајќи од кревет потресени од експлозиите, што ги има насекаде околу нас“, изјави за CNN Метју Ченс во Киев.

Се додава дека „целиот сообраќај се движи во една насока… луѓето возат најбрзо што можат, со цел да стигнат на запад кон побезбедните подрачја“, можеби „кон Полска, оддалечена оттаму околу три до пет часа со автомобил“.

URL
URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе